Сообраќајот на железничката линија Велес – Скопје во моментов е во прекин поради излетување на еден вагон од патнички воз од шините на железничката станица „Кадина Река“.
Како што информираат од „Македонски железници – транспорт“, несреќата се случила околу 7 часот, а во возот имале 150 патници, но ниту еден не е повреден.
Станува збор за патничкиот воз кој утрово тргнал од Гевгелија кон Скопје.
Advertisements