Засега четворица кандидати за тронот на социјалдемократите

Денеска се очекува кандидатури за лидер на СДСМ да поднесат поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче и поранешната министерка за одбрана и пратеничка Славјанка Петровска.

Кандидатура за претседател на СДСМ најави и актуелниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски, а вчера изненадување беше кандидатурата на битолчанецот Златко Ристовски, како што објави ТВ 24.

Advertisements

Меѓу кандидатите кои неофицијално се споменуваат е и директорот на Царинската управа, Стефан Богоев.

Внатрепартиските избори следуваат по оставката на Димитар Ковачевски и раководството на партијата по поразот што партијата го претрпе на парламентарните избори, на кои освои 18 пратенички мандати.

Во недела, 9 јуни, е закажан и отчетниот Конгрес на која ќе се анализираат причините за изборниот резултат.