Познатиот сплав „Фристајлер“ во Белград каде што се прославувал пречекот на Новата година почнал да тоне, гостите се евакуирани, а на местото се испратени две екипи на итната помош, јавуваат српските медиуми.
Како што пренесува Телеграф кој објави и видео од инцидентот, ,сплавот почнал да тоне веднаш по полноќ, а гостите панично се разбегале надвор.
– На почетокот не разбравме што се случува. Само што почна да се наведнува сплавот, а потоа водата почна да навлегува. Беше морничаво, девојките околу мене почнаа да врескаат од ужас. Знам дека едната ја повреди ногата. Еден по друг почнавме да трчаме надвор – изјавил очевидец за Телеграф.
Advertisements
View this post on Instagram
View this post on Instagram