Господ ги сака сите свои деца такви какви што се – папата Франциск за хомосексуалноста

Папата Франциск во интервју за американската новинска агенција АП, зборуваше и за хомосексуалноста, која ја нарече грев, а не злосторство. Господ ги сака сите свои деца такви какви што се, рече папата.

Тој призна дека католичките свештеници во некои делови од светот ги поддржуваат законите кои ја криминализираат хомосексуалноста или ја дискриминираат ЛГБТ заедницата. Таквите ставови ги припиша на културните средини и рече дека свештениците треба да поминат низ процес на промена за да се признае сечие достоинство.

Advertisements

„Хомосексуалноста не е злосторство, но е грев. Добро, но прво мора да направиме разлика помеѓу злосторство и грев. Грев е и да немате милосрдие еден со друг“, вели папата.

Тој му оддаде почит на Бенедикт Шеснаесетти, велејќи дека го загубил својот татко.

Папата исто така рече дека е во добра здравствена состојба за своите години, а зборуваше и за можно повлекување од функцијата, но го отфрли регулирањето на улогата на почесен папа.

Еве што изјави папата кога беше прашан за пензионерските денови.

„Ако се пензионирам, ќе одам да живеам во свештенски дом во Рим и толку. Со други зборови, искуството на Бенедикт ја отвори вратата за новите папи кои се откажуваат да се вклучат во општеството на послободен начин, бидејќи тој сè уште беше роб, под наводници, на Папата, на визијата на Папата во системот“.