(ВИДЕО) Москва не можеше да ја премолчи големата загуба: Потврдена смртта на 63 војници во ракетен напад во источна Украина

Најмалку 63 руски војници загинаа во украинскиот напад врз градот во близина на Доњецк, во источна Украина, соопшти руското Министерство за одбрана.

Украинските власти објавија за уште поголем број на жртви од нападот, односно за околу 400 загинати руски војници.

Advertisements

Според портпаролот на руското Министерство за одбрана, кој не го прецизираше точниот датум на нападот, четири ракети го погодиле „привремениот центар“ на руската војска во Макеевка, град окупиран од Русија, кој се наоѓа источно од Доњецк.

Руските и украинските медиуми претходно објавија дека нападот на тој град бил извршен во ноќта меѓу саботата и неделата.