Нема поддршка за уставни измени ако не се договориме за предвремени избори – Касами нуди компромисно решение

Лидерот на Движењето БЕСА Билал Касами денеска изјави дека нема да даде поддршка за уставните измени ако нема договор за предвремени избори.

„Ако за власта се приоритет уставните измени, односно внесување на Бугарите во Уставот тогаш ќе мора да се направи компромис за предвдемени избори. Мислам дека ако се има волја за да се решат проблемите и актуелните во делот на интегрирањето и економските и енергетските и за слабото менаџирање на институциите, се надевам дека можеме да се договориме и за уставни измени и за избори“, рече Касами.

Advertisements

Тој најави и соработка со другите опозициски партии за евентуално порадикални мерки.

„Ќе се разгледа можноста од пролет ако власта нема слух за проблемите и да излезе да се соочи со граѓаните на предвремени избори ќе се разгледаат заедно со другиот дел од опозицијата, албанска, во делот на ораганизирање на протести и секаков вид на притисок врз власта за да се слушне гласот на граѓаните и што побрзо да се оди на превремени избори“, изјави Касами.