Светските цени на нафтата се кренаа веднаш по изјавите на Путин за ембарго – „ќе летнат до небо“

Откако рускиот претседател Владимир Путин најави ембарго на руската нафта, скокнаа цените на дериватите.

Цената на нафтата од типот „брент“ порасна на 77,2 долари за барел, што е моментален скок од 1,4 отсто.

Advertisements

Рускиот претседател, изјави дека Русија нема да продава нафта на земји кои ја ограничуваат цената. Тој додаде дека тоа ќе влијае цената на нафтата да „летне во небо“.

„Русија нема да продава нафта на непријателски земји кои поставија плафон на цените. Воведувањето на лимити за цената на нафтата значи дека инвестициите ќе паднат на нула, а потоа нафтата ќе расте“, рече тој.

„Што се однесува до нашата реакција, тогаш, како што реков претходно, ние едноставно нема да им продаваме на оние земји кои носат такви одлуки“, рече Путин на прес-конференција по неговата посета на Киргистан.

На 5 декември стапија на сила западните нафтени санкции – Европската унија престана да ја прифаќа руската нафта што се транспортира по морски пат, а земјите од Г7, Австралија и ЕУ воведоа ограничување на цената за поморскиот транспорт од 60 долари за барел, што е поскапо за транспорт.