Србите од северно Косово поставуваат барикади во градот Рударе, а според извори на српскиот весник „Данас“ од Косово, причината е апсење на граѓани од список на осомничени за учество во инциденти за време на протестите во Северна Митровица кон крајот на минатата година. За последните случувања на Косово и одговорот на Белград, во 19 часот ќе се обрати претседателот на Србија, Александар Вучуќ, најавува РТС.
Додека во Северна Митровица се слушаат сирени, вообичаено за вакви настани, во Зубин Поток е мирно, пренесува „Данас“.
Од весникот наведуваат дека имале увид во списоците врз основа на кои се врши апсење, за што добиле потврда и од командирот на полициската станица од Северна Митровица.
„Покрај списокот од 58 лица на кои има имиња, лични броеви, адреси, прекари и функции на овие лица, има и уште еден на кој лицата се осомничени за „тешко убиство во обид, попречување на службено лице и уште две или три кривични дела“, вели за „Данас“ командирот на полициската станица Живковиќ
Тој вели дека полицајците им доставуваат покани на овие граѓани, но во меѓувреме овие лица не се приведени, иако поканите се упатени.
На списокот се и лидерите на Српската листа, како и лидерот на опозицискиот „Српски опстанок“ Алекаднар Арсенијевиќ.
Синоќа е приведен М.А. на Јариње, а се сомнева дека и ова приведување е поврзано со овие списоци. Денеска е приведен и поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ, а тоа го потврдија и од Министерството за надворешни работи на Владата на Србија.