Трамп: Иран е пред финансиски колапс

Американскиот претседател Доналд Трамп упати остра порака до Техеран, тврдејќи дека иранската економија се соочува со сериозен финансиски колапс како директна последица на американската блокада на Ормутскиот теснец.

Според објавите на Трамп на неговата социјална мрежа „Truth Social“, иранското раководство е под огромен притисок поради неможноста да го користат клучниот воден пат, што резултира со загуби од 500 милиони долари дневно.

„Иран финансиски колабира! Тие сакаат Ормутскиот теснец веднаш да се отвори – гладни се за пари! Губат 500 милиони долари дневно. Војската и полицијата се жалат дека не добиваат плата. СОС“, напиша претседателот Трамп.

Претседателот истакна дека неодамнешните изјави од Техеран за наводна поддршка на затворањето на теснецот се всушност обид на иранското раководство да го „спаси образот“ пред домашната јавност, додека реалната состојба на терен под американската блокада е крајно неповолна за иранската економија. Трамп истовремено потврди дека прекинот на огнот со Иран ќе продолжи, но под строг услов: додека лидерите на земјата не излезат со унифициран и прифатлив предлог за преговори.