(ВИДЕО) Вучиќ: По наоружувањето на Албанците ќе ги преземам сите мерки за заштита на српскиот народ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва во видео објава на Инстаграм профилот „будуќностсрбијеав“ изјави дека „даваме се од себе за да ги зачуваме мирот и стабилноста“, притоа порачувајќи дека како одговор на „наоружувањето на Албанците и подигнувањето на борбената готовност“ ќе ги преземе сите мерки за заштита на српскиот народ на Косово.

„За жал, тие не сакаа да не слушаат, или не беа многу заинтересирани да не слушнат. Денеска и на српскиот патријарх г. Порфириј му е забранет влез на Косово и Метохија. Ова никогаш не се случило во историјата. И не им е грижа. Бесмислена најава, неважна… Но ќе продолжат да зборуваат само за српските барикади кои се само знак на незадоволство и борба на српскиот народ да биде свој и ништо повеќе“, рече Вучиќ.

Advertisements

„Според тоа, сакам да ве информирам дека се наоѓаме во тешка ситуација, но дека ќе дадеме се од себе и дека на секој начин ќе се грижиме како да ги зачуваме мирот и стабилноста и не само тоа, како да го заштитиме нашиот народ на Косово и Метохија. Во согласност со тоа, а после наоружувањето на Албанците и подигнувањето на нивната борбена готовност, ќе ги преземам сите мерки да го заштитиме нашиот народ и да ја сочуваме Србија“, рече претседателот на Србија.