Властите во Приштина ги ставиле косовските безбедносни сили во целосна борбена готовност и се подготвени да извршат напад на северот на Косово со 1.500 свои припадници, неофицијално дознава Новости.рс.
Како што пренесува порталот, оваа наредба се однесува на единиците од Приштина, Пеќ и Призрен.
Повикувајќи се на свои извори блиски до КФОР, Приштина издала наредба до припадниците на безбедносните сили вечерва да бидат во касарната подготвени за движење во текот на ноќта.
Advertisements