Вработените во Хрватска со закон добија право да работат од дома

Хрватска работењето од дома законски го регулира. Така, работниците од почетокот на 2023 година може од работодавецот да бараат измена на договорот за вработување поради работа на далечина, а и работењето во недела мора да се плати за 50% повеќе.

Новиот хрватски закон за работа фактички ја регулира работата од дома, на далечина и преку дгитални платформи и го дефинира новиот начин на вршење на сезонските работи, кои вклучуваат и работа на неопределено време.

Advertisements

За да има усогласување на работните, семејните и личните потреби работниците во Хрватска од почетокот на оваа година ќе можат да бараат таква измена во договорот поради заштита на здравјето, потоа инвалидитет, бременост или обврски кон децата се додека тие не наполнат осум години или за да помогнат на некој член од семејството кој е болен.

Со новиот акт е реулирано дека во случај на епидемија, земјотрес или поплави работодавецот може да му одобри на некој вработен да работи од дома најдолго 30 дена.

Со измените на законот нема да смее основната заработка да биде помала од минималната плата, па така, работнциите на пониско платено работно место ќе ги почувстуваат ефектите преку платата.

Овој закон по прв пат јасно пропишува дека работењето во недела мора да се плати 50% повеќе.