Загина во пожар познат новинар од црногорскиот весник „Вијести“

Долгогодишниот новинар на „Вијести“, Борко Ждеро (43) вечерва загина во пожар во Мартиници, објави порталот на црногорскиот весник „Вијести“

Пожарот избувнал во 18.05 часот.

Advertisements

Ждеро, како што пишуваат медиумите во Црна Гора, поминал повеќе од две децении во „Вијести“, каде остави длабока трага.

Неговиот новинарски опус изобилуваше со препознатливи извештаи и прилози од бројни вонредни ситуации, а долги години работеше и како ментор на млади новинари.