Почина познатиот српски музичар, колегите се простуваат

Српскиот музичар Александар Петровиќ, попознат како Паганини, почина на 57-годишна возраст.

Тажната вест беше објавена на социјалните мрежи, а од него се простија бројни пријатели, колеги и сограѓани.

„Со голема тага ја известуваме јавноста дека нè напушти нашиот драг сограѓанин, колега и пријател, Александар Петровиќ – Паганини. Ќе го паметиме како врвен виолинист, добар човек и долгогодишен работник во Општинската управа во Трстеник, кој со својата музика и добрина остави неизбришлива трага.

Погребот ќе се одржи на 10 мај во 14:00 часот на Новите гробишта.

Нека му е вечна слава и благодарност“, стои во објавата.

Погребот на музичарот Александар Петровиќ ќе се одржи на 10 мај на Новите гробишта во Трстеник.

Advertisements