(ФОТО) Голем одрон на патот Скопје – Велес, сообраќајот е во прекин

Сообраќајот на автопатот Скопје – Велес е во прекин поради голем одрон.

„На телефонскиот број за итни случаи 112 во ЦУК има дојава за одрон на делницата на автопатот Скопје – Велес, кај Бензинската „Детоил Ветерско 9“. Од Секторот за операции и координација во ЦУК се известени Регионалниот ЦУК Велес од каде што има известување дека полицијата е на лице место. Паралелно со оваа активност оперативците ги известуваат надлежните институции за итната ситуација, конкретно Јавното претпријатие за одржување на патиштата и Македонија пат“, велат од Центарот за управување со кризи(ЦУК).

Од ЦУК посочуваат дека две екипи на јавните претпријатија од Скопје и од Велес се упатени на местото на настанот.

Advertisements

Од полициската станица во Велес потврдија дека полицијата е на местото на настанот и дека екипите на Јавното претпријатие за одржување на патиштата пристигнале на местото на настанот.

Сообраќајот како што известуваат од АМСМ е во целосен прекин.

Фото: Фејсбук