Тешка сообраќајка: Тројца млади загинаа, со автомобилот удриле во силос

Тројца млади луѓе загинаа денеска во северна Италија кога нивниот автомобил удрил во силос на фармата Казагранде во близина на градот Форли, кој се урнал и паднал врз автомобилот.

Силосот бил многу тежок и полн со храна за живина, пишуваат италијански медиуми

Една од жртвите имала 18 години, додека другите две жртви се малолетни, соопшти противпожарната служба на градот Форли, кој се наоѓа во близина на Болоња, во регионот Емилија-Ромања.

Advertisements

Според италијанските медиуми, жртвите се од северна Африка, но полицијата на градот Форли се уште не ја потврдила оваа информација.