Тинејџер (18) загина во сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 11:20 часот на излезот од Смедеревска Паланка кон Велика Плана, во Србија, објави Нова.рс.
Тинејџерот (18), кој имал пробна возачка дозвола, изгубил контрола над „цитроенот“ и се судрил со автомобил „фиат стило“ кој се движел од спротивен правец, во кој се наоѓале татко и син.
Мажот (48) кој бил зад воланот на „фиатот“ се здобил со тешки телесни повреди, а неговиот син се здобил со полесни повреди и тие се пренесени во болницата во Смедеревска Паланка.
Advertisements
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
„15 луѓе не загинаа по своја вина, туку затоа што некој не си ја завршил работата“ - Вучиќ...
Оланд: „Трамп не подготвува мир, туку капитулација на Украина“
„Неговата смисла за хумор е неверојатна“ - Илон Маск го исмејува Зеленски
„Мета“ треба да плати 800 милиони евра казна поради нефер услови на пазарот за социјални м...
Специјален претставник именуван од Трамп ќе преговара за завршување на војната во Украина