Никола Ѓорѓиев, 19 годишно момче од Скопје утрово замина на лекување во Турција. Неговите апели за помош од хуманите граѓани се споделуваат на социјалните мрежи за да се соберат пари за неговото лекување. На скопскиот аеродром го испрати градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски.
„Рано утрово на Меѓународниот аеродром Скопје му посакав среќен пат на Никола кој замина за Турција.
Во следните денови на Никола во Турција ќе му бидат направени испитувања со што ќе биде утврден протоколот за неговото лекување.
На Никола му подарив благословена бројаница со цел во оваа битка да го следи Божјиот благослов!“ – напиша Стефковски.
Младиот Никола Ѓорѓиев боледува од рак на коските. Ова момче од Црешево, општина Гази Баба животот досега неколку пати го има ставено пред сериозни предизвици. Тој е без родители и живее со своите баба и дедо.
Граѓаните на социјалните мрежи кои велат дека Никола е голем борец му дадоа поддршка и му посакаа успешна битка со болеста.