„За компанијата „Бехтел и Енка” го свртуваме целиот правен систем на глава и за нив не важат никакви закони – тие можат да газат преку шуми, преку земјоделски земјишта, преку археолошки наоѓалишта, ќе кршат работнички права. Што сакаат ќе прават, само за да се избутка овој криминал од милијарда и 700 милиони евра! Затоа Левица ќе даде сѐ од себе за да ги спречи овие закони!”, порачува партијата чиј пратеник Борислав Крмов, на денешната собраниска седница имаше процедуралното обраќање.
„Оваа седница не смее да се одржи бидејќи најгрубо е прекршен Деловникот, затоа што материјалите за дневен ред се доставуваат најмалку 10 работни дена пред одржувањето на седницата. Овие материјали ни се доставени 5 работни дена пред седницата што значи вие правите шверцерај со вакви битни закони и ја фаќате јавноста на препад. Гледам дека пратеници од власта гласаа против. Не се перете со гласање против, а правите кворум. Јас ве повикувам ако вие навистина сте против овие предлог-закони, излезете и срушете го кворумот и оваа седница ќе застане. А Левица ќе даде се од себе да вѐ спречиме. ”, порача пратеникот Крмов од собраниската говорница.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Нова инвестиција на компанијата „Костал“ вредна 50 милиони евра, ќе се вработат и 250 рабо...
„Нашите црвени линии ги дефиниравме, не се поместуваме ниту милиметар“ - Мицкоски за устав...
Европол во акција на Балканот уапси 11 шверцери на кокаин
Парите на граѓаните се делат зад затворени врати - Бојковски бара и советниците да ја крој...
ВИДЕО „Голем ризик е спојувањето на безбедносните структури“ - Филипче се сретна со Сиљано...