ТРАГЕДИЈА ВО ПИНТИЈА Детето што почина имало тешки повреди на главата и вратот

По синоќешната трагедија во скопска Пинтија во која, како што потврди МВР, претходно почина осумгодишно дете по напад од домашно куче од расата англиски бул мастиф ТВ Телма повикувајќи се на извори од истрагата информира дека детето влегло во дворот на соседот во кој имало две кучиња.

„Кучето мастиф кое било старо 12 години, го нападнало детето и го изгризало. Од гризењето, детето добило обилно крварење. Осумгодишникот веднаш со автомобил бил превезен во ГОБ „Св. Наум Охридски“, но, поради тешките повреди што ги имал во пределот на главата и вратот, искрварил на пат кон болница. Лекарите, и покрај вложените напори и укажаната медицинска помош, за жал, не успеале да го спасат неговиот живот“, истакнуваат извори за Телма.

Сопственикот на англискиот бул мастиф вчеравечер веднаш бил повикан на информативен разговор во полициската станица. Извори од истрагата за Телма, исто така, наведуваат дека семејствата на детето и на сопственикот на кучето биле први соседи и во добри односи.

Advertisements