„Нашите мисли се со семејството на починатиот ангел“ – млад фудбалер почина на натпревар во Хрватска

Млад фудбалер на фудбалскиот клуб Самобор од Хрватска ненадејно почина на натпревар против ФК Дуго Село.

Натпреварот се одигра во средата во мечот Втората фудбалската лига Центар, а починатиот фудбалер Мартин Ф. е роден 2007 година и имал 15 години.

Според хрватските медиуми тој колабирал на теренот и овој случај ја потресе хрватската јавност, па неколку клубови изразиле сочувство до клубот и семејството.

Advertisements

„Во овие тешки моменти кои го зафатија целиот самоборски и хрватски спорт, упатуваме искрено сочувство до нашите пријатели од Самобор. Нашите мисли се со нив и со семејството на починатиот ангел. Нека му мирува хрватското срце“, напиша ФК Бистра.

Градоначалничката на Самобор, Петра Шкробот, вели дека неодамна имала прилика да запознае младиот фудбалер, за кого се уште не се знае точно како се случила трагедијата.

„Со искрено жалење ја примив веста за трагичната смрт на млад играч на ФК Самобор. Голем шок и неверување бидејќи релативно неодамна имав можност лично да го запознаам Мартин во Градската управа, каде што го угостив и го наградив за одличните резултати на бројни натпревари“, напиша Петра Шкробот.