Косовската полиција во Призрен го уапси Н.Х. од селото Рандубрава, кој се обидел да ја убие својата ќерка А.Х., пишуваат косовските медиуми.
По вербален конфликт со членовите на неговото семејство, тој извадил пиштол и пукал три пати во правец на својата 31-годишна ќерка, пишува Газета експрес, а пренесува Косово онлајн.
По пукањето, синот на осомничениот успеал да му го одземе пиштолот од раката на неговиот татко, по што Н.Х. сам се пријавил во полиција.
„Осомничениот прво телефонски пријавил во полиција дека пукал во ќерката и дека не знае дали ја убил или не, а потоа сам отишол полициска станица во Призрен. Полициските патроли и итната помош веднаш излегле на лице место“, соопштија од полицијата.
Полицијата извршила увид, собрала докази и изјави, а со осомничениот и оштетените извршила разговор. Во соопштението се наведува дека за среќа во инцидентот нема повредени.
Предметот е поднесен како „убиство во обид“, а по наредба на обвинител на осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа.