На социјалните мрежи кружи видео од лице, вработено како анестезиолог на Гинекологија во тетовската болница кој во живо на Тик Ток снимал жени – пациентки во една од салите, објави ТВ 21.
„ТВ21 го верификуваше видеото и потврдено е дека е снимено во тетовската гинекологија, а лицето што го направило видеото е ангажирано на одделението каде се прекинува бременоста. Случајот не бил пријавен во полиција, но директорот на одделението откако дознал за случајот се упатил во Секторот за внатрешни работи за да го пријави“, се вели во информацијата на ТВ 21.