Младата колумбиска пејачка Камила Стерлинг пронајдена е мртва во када во хотелска соба во Мајами.
Луксузната хотелска соба, во која ноќевање чини 2.600 долари, ја изнајмил музичкиот менаџер Дејвид Болни, пишува Daily Mail.
Камила имаше 24 години и сакаше да изгради успешна музичка кариера, а стана популарна споделувајќи провокативни фотографии на социјалните мрежи.
Менаџерот со кој била во хотелската соба е оженет и има две деца, а живее со семејството во Лос Анџелес.
Дејвид Болни на денот на несреќата околу 4 часот ја напуштил хотелската соба во која било пронајдено телото на пејачката, пред да пристигне полицијата.
Во текот на истрагата, во просторијата е пронајдена сомнителна материја, а се чекаат токсиколошките резултати кои ќе ги откријат деталите за несреќата.
Полицијата ги истражува причините за смртта како и околностите за несреќата.