Плата од 69.665 денари е реалност во Македонија – ова е професијата која е најдобро платена

Просечната исплатена нето-плата во февруари изнесувала 33.720 денари.

Kaко што објави Државниот завод за статистика(ДЗС), во однос на февруари лани кај платата има зголемување за 13 отсто.

„Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: градежништво (21,3 отсто), информации и комуникации (18,5 отсто) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16,5 отсто)“, соопштува ДЗС.

Advertisements

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец има во секторите: транспорт и складирање (9,7 отсто), рударство и вадење на камен (9,2 отсто) и Дејности во врска со недвижен имот (6,1 отсто).

Според податоците на ДЗС највисоката просечна плата во февруари е исплатена во секторот информации и комуникации, која изнесувала 69.665 денари.