Поради долгови блокирани сметките на болницата „Аџибадем“

Здравствената организација „Аџибадем“ во Турција не можела да ја плати киријата, па затоа нејзините сметки се блокирани од Канцеларијата за извршување во Истанбул, пишуваат турските медиуми.

„Аџибадем“, здравствената групација, еден од најголемите турски синџири приватни болници, има болници во речиси секој град во Турција, а долгот за кирија во закупените објекти достигнал 4 милиони 241 илјада лири, поради што биле блокирани сметките.