Мицкоски: Да го кренеме гласот против изворот на извитоперените вредности во нашето општество

Претседателот на ВМРО-ДМНЕ, Христијан Мицкоски во негово лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите муслимани во државава им го честитам големиот празник Рамазан Бајрам.

-Живееме во времиња на големи предизвици и проблеми кои ги делиме заедно, исто како што сме ги делеле низ вековите наназад. Токму ваквите празници се можност да ги истакнеме нашите заеднички традиционални вредности кои не врзувале низ годините, а тоа се разбирањето, солидарноста, толеранцијата истрајноста. Верата во Бога го прави секој човек духовно побогат и подготвен да се справи со сите пречки кои се испречуваат пред него. Луѓето, без разлика на религијата, кога се обединети и кога имаат силна верба можат заедно да направат подобро утре за себе и за своите блиски, за своите комшии и за своите сограѓани, напиша Мицкоски во честитката.

Тој посочува дека правењето добри дела може да ги сплотува луѓето.

Advertisements

– Јас , но и ВМРО-ДПМНЕ веруваме дека со добра волја и силна пожртвуваност можеме заедно да направиме добри дела и да си ја подобриме својата иднина и иднината на нашите деца и внуци. Како што доброто е универзално, така и лошите појави се зло за секој од нас. На тие појави, како корупцијата, криминалот, кои пак носат сиромаштија, очај и безнадежност, мораме заедно да се спротивставиме. Да го кренеме гласот против изворот на овие извитоперени вредности во нашето општество, да им покажеме на оние кои се носители на ова безумие дека не можат да не поделат, не можат да не скршат, туку дека не обединуваат посилно да им застанеме на патот. Нека празникот ви донесе мир и радост во вашите срца, бериќет, здравје и успеси во вашите домови, напиша Мицкоски во честитката по повод Рамазан Бајрам.