2.000 стипендии за студентите на ФОН – пријавувањето за упис почнува денеска

Американскиот универзитет на Европа – ФОН соопшти дека по повод 20 години соработка со стопанството, компаниите и бизнис-секторот ќе обезбеди две илјади стипендии за академската 2023/2024 – целосни или делумни, што е максимален број на новозапишани студенти за наредната студиска година.

„Од денеска започнува пријавувањето за ран упис за ситe кои се заинтересирани да студираат на некои од факултетите на АУЕ – ФОН или да запишат некои од сертифицираните обуки. Во рамките на Универзитетот функционираат 42 универзитетски програми, како и 88 сертифицирани обуки, тренизни и курсеви“, информира АУЕ – ФОН.

Кандидатите може да избираат меѓу пет факултети: за правни и политички науки; за економски науки; за информатика; за дизајн и мултимедија и Факултет за детективи и безбедност.

Advertisements

„Во рамките на неформалното образование може да аплицирате и за Академијата за сајбер безбедност, за што може да се информирате на https://fon.edu.mk/cyber/“, посочува Универзитетот.

Пријавувањето за ран упис ќе се реализира преку апликацијата на веб-страницата на АУЕ – ФОН, при што по оставањето на личните податоци, пријавените ќе бидат контактирани во рок од 48 часа.

Сите заинтересирани имаат право да аплицираат за финансиска поддршка и до 100 отсто. Рокот за пријавување е до 31 мај. Аплицирањето за ран упис е на овој линк

Повеќе информации за пријавувањето за академската 2023/2024 година, може да се добијат на телефонскиот број 070/ 345 – 999, наведува Универзитетот АУЕ – ФОН.