Модниот креатор Саша Видиќ почина на 52-годишна возраст во КБЦ Бежанијска коса, а познатите личности се простуваат од него на социјалните мрежи.
Видиќ, како што пишуваат српските медиуми, бил примен во болница како последица на септичка состојба, по што бил прогласен за мртов поради кардиореспираторна инсуфициенција.
Пријателите и колегите на социјалните мрежи се простуваат од славниот дизајнер со трогателни пораки.
„Жал ми е, мислам дека во последно време немаше уреден живот. Еден период, во раните 2000-ти, имавме навистина прекрасни времиња заедно, по што мислам дека тој го загуби компасот. Многу ми е жал, тоа е единственото нешто што можам да го кажам“, изјави Ѓорѓе Давид.
Веста за неговата смрт ја потресе и поп-ѕвездата Марија Шерифовиќ, која објави фотографијата на Видиќ и емотивните зборови.
„Ако веќе си решил и ако така морало да биде. Почивај во мир – напиша Марија.
За „Блиц“ се огласи поранешниот ватерполист Никола Раѓен, кој остана шокиран од оваа вест.
„ Одеднаш ја добив веста дека Саша Видиќ починал. Сето тоа ме изненади. Замина на подобро место, нека почива во мир. Отсекогаш бил авангарда во модниот свет, особено на овие простори. Неговиот бренд изминативе години направи голем бум на овие простори, треба да се памети по добро“, вели познатиот ватерполист.