Познатиот српски стилист и креатор Саша Видиќ почина денеска на 52-годишна возраст во КБЦ „Бежанијска коса“ во Белград.
Дизајнерот беше примен минатиот ден во многу тешка општа состојба, а приклучен беше и на респиратор. Имал почетна фаза на сепса, пишува српски „Телеграф“.
Тој претходно бил пронајден онесвестен во неговиот стан од членовите на неговото семејство, по што итно бил хоспитализиран и приклучен на респиратор, како што дознава споменатиот портал.
„Курир“ дошол до една од последните аудио пораки што покојниот Видиќ ги испратил на свој пријател непосредно пред смртта. Имено, на прашањето како се чувствува во моментов, Саша само кратко одговори:
„Сè уште сум жив“, одговорил Саша Видиќ, пренесува споменатиот медиум.
Тој беше основач на модниот бренд „Броз“. Соработуваше со Цеца Ражнатовиќ, Сека Алексиќ, Дара Бубамар и бројни познати музички ѕвезди.
Роден е во 1971 година во селото Млака во Хватска, извесно време живеел во Бања Лука, а потоа се преселил кај неговиот вујко во Белград, кога избегал од војната во Босна како бегалец. Кариерата ја изгради во главниот град на Србија.