Порталот „Пари“ повикувајќи се на Бизнис мрежа.мк објави податоци колкави профити оствариле производителите на леб и печива во текот на минатата година. Најголема добивка направила пекарницата „Диме“ – 715. 000 евра и таа е поголема за 315. 000 евра во однос на 2021 година, кога профитот изнесувал околу 400. 000 евра.
„Специјал“ е на второ место по добивки со заработка од 138 000 евра. И „Специјал“ лани направил поголема добивка отколку во 2021 година, кога имал профит од 64 000 евра.
На „Жито леб“ му се намалила добивката во однос на 2021 година, но сепак направил профит од 131 000 евра. На „Силбо“ добивката речиси му се преполовила, но тоа значи дека во плус во 2022 година бил 126 000 евра. Водечката компанија во овој бизнис, „Жито лукс“ и минатата година ја завршил во минус. Негативниот резултат на компанијата во 2022 година бил 134 000 евра, а во 2021 година бил 287 000 евра.