Македонец е убиен во Бугарија, осомничен е 14 годишник од Несебар

Македонски државјанин е убиен во Сончев Брег, Бугарија, јавуваат бугарските медиуми повикувајќи се на информации од полицијата. Мажот бил избоден со колец. Убиецот е во притвор.

Од бугарската полиција велат дека во четвртокот околу 11 часот, регионалната канцеларија на Несебар добила порака дека машко тело со видливи повреди на главата било пронајдено во шумски предел до ресторанот „Бацвата“ на Сончев Брег.

По увидот на полицијата, било утврдено дека станува збор за 49-годишен македонски државјанин, а убиецот е 14-годишно дете од Несебар.

Advertisements

Убиството е извршено со прободување со остар колец, причините се истражуваат.