Мојата ќерка и убиецот беа во платонска врска два месеци. Секоја вечер разговараа по два часа. Таа беше на неговата монструозна листа за убиства, вели во изјава за Јутарњи лист Татјана Саварезе, мајка на ученичка кој се најде на списокот на 13-годишниот Коста К., кој во средата уби осум негови соученици и припадник на училишното обезбедување во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“.
„Во средата имаше часови во попладневната смена, но мораше да дојде утрото во школото за подготовка за натпревар. Не ѝ се допадна да оди, иако и реков дека треба. За среќа не ме послуша. Затоа таа денес е жива. Mи се гади од животот, иако сум толку среќна што таа е веднаш до мене“, вели мајката на ученичката.
После се, додава потресената мајка, ќерка ми ми рече: „Не ми се живее, ниту пак ми се излегува надвор“.
„Многу плачевме. Таа била блиска со некои од жртвите. Многу ги сакаше Ема и Андрија. Никогаш нема да ги преболиме овие прекрасни деца“, вели мајката која веќе побарала и помош од психолог бидејќи и самата тешко се носи со целата трагедија, а не ни знае како да му помогне на своето дете.
Девојчето, иако во огромен шок, нашла сила да замине со својата другарка да запали свеќа во помен на загинатите ученици.