ПОВТОРНО ПУКАЊЕ ВО СРБИЈА Убиен е полицаец и неговата сестра, седум се ранети меѓу кои и деца

Пукање повторно ја вознемири Србија вечерва. Тамошните медиуми јавуваат дека полицијата трага по У.Б.(21), кој е осомничен дека во село кај Младеновац убил две лица и ранил седум лица, меѓу кои и деца и еден полицаец, дознава „Телеграф.рс“.

Вооружениот млад човек последен пат бил виден во близина на Мали Пожаревац.

Во престрелката што се случила кај Младеновац убиени се полицаец и неговата сестра, потврдиле извори за Блиц.

Advertisements

Полицијата почнала акција „Вител“. Голем број полицајци се на терен, а испратен е и обвинител.