Ученик во основно училиште во Чаир, Скопје, отишло во училиште со пластичен пиштол и го вперило кон други ученици.
Инцидентот се случил вчера, а го потврдија и од МВР.
„На 5.5.2023, околу 12 часот, во просториите на основно училиште на подрачјето на Чаир, Скопје, полициски службеници во присуство на родители, педагог, психолог и директорката на училиштето извршиле службен разговор со малолетник-ученик во училиштето, постапувајќи по претходна пријава од директорката на училиштето дека извадил пластичен пиштол (играчка) и го насочил кон други ученици, а потоа ѝ го предал нејзе“, информира МВР.
За случајот е известен дежурен јавен обвинител за малолетници, како и Центарот за социјални работи за натамошно постапување.