На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое се гледа наводниот момент од масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ во кој беа убиени 8 ученици и еден чувар, но видеото е лажно, пишуваат српските медиуми.
Министерството за внатрешни работи интензивно работи на откривање на лицето кое го објавило ова лажно видео кое дополнително ги вознемири граѓаните.
Министерството уште еднаш апелира до сите граѓани да ја задржат разумноста и стабилноста во однос на сите немили настани, особено кога станува збор за нашите деца кои следат информации од различни извори и медиуми.
Неопходно е нивните профили на социјалните мрежи да бидат под родителска контрола, но подеднакво е важно возрасните да покажат највисоко ниво на одговорност и да не објавуваат или споделуваат непроверени и несоодветни содржини на социјалните мрежи.
Во средата во белградското училиште „Владислав Рибникар“ ученикот Коста Кечмановиќ уби осум ученици и еден чувар.