Од срцев удар почина таткото на убиецот од Младеновац

Радиша Блажиќ, таткото на монструмот од Младеновац, Урош, според непотврдени информации денеска починал наводно од срцев удар, објави Република.рс.

Урош Блажиќ завчера уби осум и рани 14 лица.

Во исказот што денеска го дал пред обвинител, тој признал дека извршил кривични дела, наведувајќи дека со пушка и пиштол пукал кон неколку лица кои биле во групата за да го исплаши населението. Обвинителството побара притвор, што судијата го прифати бидејќи постоеја ризици од бегство.

Advertisements