Министерот за информатичко општество Азир Алиу во врска со барањата кои се појавија во јавноста за забрана на платформата Тик Ток вели дека конечен став околу таква мерка, може да следи само по координирана активност со правосудните институции и со останатите образовни и безбедносни институции во државата.
Тој изрази длабоко жалење и сочуство до семејствата на насраданите и граѓаните на соседна Србија по двете злосторствоа што го потресоа регионот.
„Во јавноста од неколку извори се споменува иницијатива за забрана на социјалната мрежа Тик Ток во државата, и до нас стигнуваат прашања на таа тема. Најпрвин, цензурата е регулирана со Уставот на Република Македонија. Така што конечен став околу таква мерка, може да следи само по координирана активност со правосудните институции и со останатите образовни и безбедносни институции во државата“, вели Алиу.
Тој додава дека ја поддржуваат иницијативата на МОН за евалуација на ризиците од сите социјални платформи.
„МИОА има јасен став дека е против секој вид на говор на омраза или насилство, без исклучок, и поддржуваме санкционирање на секој извор на говор на омраза,насилство. Потребно е да направиме дистинкција помеѓу говор на омраза,насилство како и извори на говор на омраза,насилство од една страна и самите платформи за говор преку кои таков говор би се трансимитирал. Оттаму, министерството ги зема во предвид сите социјални платформи без исклучок. Иако во моментов не заземаме став за забрана на било која социјална платформа, но и како родители, силно сметаме дека социјалните платформи како феномен на цивилизацијата на нашето време треба да почнат да се регулираат“, објаснува министерот Алиу.
Министерство, вели Алиу, веќе презема подготвителни активности во тој правец и ќе се вклучи со општествени иницијатив своевремено.
„Апелираме за зголемување на свесноста за социјалните платформи на наставно образовниот кадар и кај родителите и огромно внимание. Дополнително, вклучително и до невладиниот сектор, како и до останатите државни институции, телевизиски и радио концесионери да продуцираат содржина со образовно воспитен карактер и да ги пополнуваат празнините на социјалните платформи со добри содржини. Будно ќе ги следиме случувањата и ќе бидеме во контакт со надлежните институции. Имајќи ја во предвид сензитивноста и опасностите остануваме целосно отворени за коумикација со сите општествени чинители“, изјави Алиу.