Откако момчето Коста Кецмановиќ (13) во средата, на 3 мај, изврши тешко кривично дело во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар кога уби осум ученици и чувар во образовната установа мајката и сестрата на масовниот убиец оттогаш не се во семејниот стан, а како што дознава Република.рс нема ни да се вратат.
Како што беше претходно напишано, родителите на Коста Кецмановиќ се истакнати белградски интелектуалци, големи експерти во своите области. Таткото е познат доктор, специјалист по радиологија, а мајката е асистент на Биолошкиот факултет во Белград, каде работи научна работа.
По хоророт што го направи Коста, таткото Владимир е во притвор, а мајката и нејзиното помало дете, десетгодишната ќерка, се на безбедно кај роднини надвор од Белград.
Како што дознава порталот Република.рс од кругот на познаниците на ова семејство мајката се уште е во шок и собира сили некако да се грижи за помалата ќерка, на која и се слошило кога дознала што направил нејзиниот брат за време на часот по пијано.
„Мајката на Коста, иако е силна жена, не може да си дојде на себе по злосторството на нејзиниот син. Колку е потресена не се опишува со зборови“, вели познаник на семејството, а пишува Република,рс.
Според неа, мајката не планира да се врати во станот во кој живееле како семејство. Таа дури размислува да го продаде. Покрај тешките спомени кои не би сакала да ги врати, таа се грижи и за безбедноста на ќерката и за својата бебзедност.