Храброто девојче го жртвуваше својот живот за да ги спаси другарчињата, граѓаните бараат да се прогласи за национална хероина

На социјалните мрежи во Србија се шири апел во кој граѓаните бараат храброто девојче Е.К. да се прогласи за национална хероина. На Фејсбук страницата „Мојот град Сремска Митровица“ се појави порака за оваа млада хероина, пишува Телеграф.

Кога во трагедијата во Белград Коста.К уби осум ученици и вработен во училиштето херојски е чинот на ученичката Е.К. која го жртвувала својот живот за да го спаси одделението.

Е.К. седмоодделенка храбро застанала пред убиецот и му рекла „Зошто го правиш ова, престани“, со што другите деца добиле на време за да се спасат. Ова храбро девојче не било на списокот на К.К., туку седумте момчиња кои беа спасени поради нејзиниот храбар потег.

Advertisements

„Е.К. да биде прогласена за национална хероина. Може да се именува училиште по неа. Барем некој спортски меморијален турнир на пример“, пишува на пораката.

Како што понатаму се наведува во објавата, „кога сите се смрзнале од страв или панично бегале, кај ова девојче проработило спартанскиот ген на нејзините родители и таа храбро застанала пред К.К.“

„Ваквиот несебичен чин е израз на врвната човечка доблест и вредност. Вечна ѝ слава“, се вели во објавата на Фејсбук.