Десесетина лица се уапсени во голема полициска акција, која уште е во тек во Тетово и Гостивар поради сексуална експлоатација на дете, потврдуваат од МВР, а детали велат ќе има по нејзиното завршување.
Уапсените се осомничени, според првите неофицијални информации, и за дело трговија со деца. Акцијата е во координација со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.