Ученичка направила список за отстрел, веднаш била избркана од училиштето и приведена

Ученичка во училиште во Бјеловар, Хрватска имала список на соученици за ликвидација, оваа информација за редакцијата на регионален портал ја потврдиле голем број родители, загрижени што дури денеска дознале за тоа.

Како што пишуваат хрватскит медиуми, нивните деца денеска ги запознале со оваа информација, иако списокот за убиства со имиња и презимиња на машки и женски ученици наводно бил објавен пред неколку дена на мрежата „Тик-Ток“ и се уште кружел на социјалните мрежи, пишува „Bjelovar.live“.

Откако било објавено видеото била известена полицијата која за многу кратко време ја привела ученичката, а видеото набрзо било избришано.

Advertisements

Она што ги вознемирува родителите се тврдењата дека  наводно има копии направени од ученици, така што истите се уште може да се најдат, а несомнено сè уште се споделуваат меѓу децата.

Заедно со списокот ученичката се заканувала дека ќе ги убие, а за целата приказна е запознаен и регионалниот Завод за социјална работа.

Неофицијално се дознава дека ученичката која го составила списокот, очигледно врз основа на белградската трагедија, истиот ден била избркана од бјеловарското училиште.