Еден загинат во тешката сообраќајка попладнево, возачот се бори за живот, пренесен е во болницата во Струмица

Еден загинат и еден потешко повреден во сообраќајката што се случила попладнево на патот Радовиш – Струмица.

Загина сопатник на мотоцикл, а возачот е потешко повреден и е пренесен во струмичката болница во тешката сообраќајната несреќа на влезот во селото Владевци, на крстосницата за селото Сушево, јавува Сител.

Според информацијата од портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, несреќата се случила во 18:40 часот, а во неа учествувале мотоцикл и автомобил.

Advertisements

Увидот на полицијата и јавен обвинител се уште трае, а патниот правец се уште е затворен за сообраќај во двата правци.