Најголем дел од тоа се случуваше на тениските терени, имаше многу пресврти и епски битки со ривалите, но треба да се знае дека Новак Ѓоковиќ преживеа многу и надвор од теренот, па мораше да трпи разни притисоци и внатрешни битки кои со години ги водеше.
Новак во интервју за италијанскиот медиум „Кориере дела сера“ раскажа за средбата со волк што ја имал во младоста.
„Еднаш како дете сретнав волк во шумата. Почувствував длабок страв, ми рекоа дека во такви случаи треба полека да се враќаш назад без да гo изгубиш од вид. Се гледавме 10 секунди, најдолги во мојот живот, а тој сврте лево и си замина. Почувствував многу силно чувство кое никогаш не ме остави, врската на душата и духот. Никогаш не сум верувал во случајности, а мислам дека ни тој волк не верувал. За мене тоа беше многу краток, но многу важен состанок“, рече Новак.
Волкот сепак имаше многу важно значење за него.
„Многу сум приврзан за семејството и се трудам да бидам достапен за сите, но понекогаш морам да бидам сам. Често сум се нашол сам во мојот живот, сам со мојата мисија и цели што треба да ги постигнам. Некако останав поврзан со тој волк, а бидејќи волкот е свето животно за Србите, тој е наше тотемско животно. Тоа е симбол на националната традиција, на прадедовската вера која му претходи на христијанството. Религија пред религијата“.
Ѓоковиќ моментално настапува на Мастерсот во Рим каде во четвртфиналето ќе се сретне со Холгер Руне. Новак има шест титули во Рим, оваа сезона може да му стане најуспешен Мастерс, но и последна подготовка пред походот на Ролан Гарос и 23. Грен слем титула.