Падна и првата забрана за ТикТок, предвидени се високи казни

Сојузната американска држава Монтана воведе целосна забрана за ТикТок, што е најострата акција која ја презела некоја држава на САД против кинеската платформа за споделување видеа.

Се очекува забраната да стапи на сила на 1 јануари 2024 година, а сите продавници за апликации што ќе понудат ТикТок ризикуваат да се соочат со казни што ги спроведува Министерството за правда во Монтана. Почетната казна е од 10.000 долари по прекршување, а потоа и 10.000 долари на ден кога прекршувањето продолжува.

Advertisements

Во сопственост на кинеската технолошка компанија „ByteDance“, компанијата за социјални медиуми е „обвинета“ дека ги крши уставните права на американските граѓани.

Гувернерот Грег Џанфорте го потпишал законот во средата, а подоцна на Твитер истакна дека ваквата мерка „ќе ги заштити личните и приватни податоци на жителите на Монтана од кинеската Комунистичка партија“.

Општата забрана би требало да стапи на сила на 1-ви јануари 2024 година, но државата би можела да се соочи со правни предизвици – како од страна на ТикТок, така и што се однесува до групите за граѓански слободи.

Познат како „SB419“, законот минатиот месец го усвои законодавното тело на Монтана со силна поддршка од републиканците, кои инсистирале дека ТикТок претставува закана за приватноста и националната безбедност на САД, со оглед дека е „во рацете“ на гигантска кинеска компанија со седиште во Пекинг.