Грчкото Министерство за внатрешни работи, кое е задолжено за спроведување на изборниот процес во Грција, во проекциите предвидува дека Нова демократија би можела да освои 145 места во 300-члениот мандат, шест помалку од апсолутното мнозинство.
Сириза на Алексис Ципрас има двојно помалку, односно 72 места, додека ПАСОК е трет со 42 пратенички места.
Владејачката конзервативна партија има водство од речиси 41 отсто од гласовите, податок добиен врз основа на над 70 отсто од преброените гласачки ливчиња, наспроти 20 отсто за СИРИЗА.
Социјалистичката партија ПАСОК е трета, со околу 12 отсто од гласовите и 42 пратенички места. Нејзиниот лидер Никос Андрулакис пристигна во седиштето на партијата, опишувајќи ги денешните избори, на кои неговата партија настапи подобро од очекуваното, како „одличен ден“ за демократијата.
Победата на Нова Демократија на парламентарните избори добива историски димензии, бидејќи според првата официјална проценка се движи на 41 отсто наспроти 20 отсто на СИРИЗА, пишува Катимерини.
ФОТО: Фејсбук