Блинкен повика веднаш да прекине насилството на северот на Косово

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен остро ги осуди денешните потези на Приштина и насилниот упад на косовската полиција во општините на северот на Косово.

„Силно ги осудуваме активностите на Владата на Косово кои придонесуваат за ескалација на тензиите на север и ја зголемуваат нестабилноста. Го повикуваме Аљбин Курти веднаш да ги прекине овие насилни мерки и да се префокусира на дијалогот што се води под покровителство на ЕУ, напиша Блинкен на Твитер.