Лидерот на Движењето Беса и градоначалник на Тетово, Биљал Касами, ги повика „огнените“ од ДУИ да се приклучат на опозицискиот фронт што се создава откако тој постигна договор со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, за заедничко опозициско дествување.
Касами упати јавен повик во кој покрај огнетите, ги повикува и пратениците и членови на Алијанса за Албанците кои, вели, отсекогаш биле за промени во албанскиот политички кампус, да се приклучат на опозицискиот фронт за уривање на ДУИ, пренесува ТВ21.мк
„Како претседател на Движењето Беса му подадов рака на соработка на Африм Гаши, а по конечното раздвојување на фракцијата од ДУИ, ќе им подадам рака и ним за обединувачка соработка. Упатувам коректна и искрена покана до пратеничката група и до сите членови на Алијанса за Албанците со опозициска ориентација да се приклучат на опозицискиот фронт, бидејќи тие секоаш биле за промени во албанскиот политички табор и за уривање на ДУИ, вели Касами.