Повредени се повеќе лица за време на денешните судири на граѓаните и КФОР во Звечан на северот на Косово каде попладнево дојде до ескалација на ситуацијата, откако насобраните граѓани се обиделе да влезат во општинската зграда, јавуваат српските медиуми.
Повеќе од 53 лица имаат различни видови повреди од шок бомби, солзавец и удари, тројца се задржани во болница, а едно лице е во животна опасност и има прострелни рани, изјави Златан Елек, директор на Клиничкиот болнички центар во Косовска Митровица, јавува N1.
Силите на КФОР кои утрово во полна опрема беа распоредени на местото интервенирале со одвраќање на насобраните, употребувајќи солзавец, а како што пренесува РТС, биле употребени и шок бомби.
Тие ја спровеле акцијата во обид да преместат две оклопни полициски возила со специјалци кои биле опколени од насобраните граѓани.
Како што јавува српската национална телевизија во настаните наводно има повредени лица, а конфликтот се прелева и во другите делови на градот.
NATO KFOR forces attacked citizens who staged a peaceful protest in Zvecan (northern Kosovo) pic.twitter.com/Cs1T3OtBYs
— Spriter (@Spriter99880) May 29, 2023
Sukobili se Srbi sa KFOR-om u Zvečanu. Više povređenih vojnika, demonstranata, veće količine suzavca, šok bombe, lete kamenice, flaše, oborene kante
..10min kasnije situacija se primiruje. pic.twitter.com/rWWk5x7EXw— KoSSev/Kosovo Sever portal (@KoSSevnews) May 29, 2023