Москва нападната со дронови, двајца повредени, неколку згради со помали оштетувања

Украинските безбедносни сили употребиле осум беспилотни летала за напад на Москва и сите беспилотни летала биле погодени, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

„Во нападот учествуваа осум дронови. Сите непријателски беспилотни летала беа погодени“, се вели во соопштението.

Инцидентот беше наречен „терористички напад“.

Advertisements

Во Москва две лица побарале медицинска помош по нападот со дрон, изјави денеска градоначалникот Сергеј Собјанин. Тој додаде дека повредите биле такви што не барале хоспитализација, пренесува Интерфакс. Собјанин изјави дека итните служби продолжуваат да работат на терен.

Претходно, Собјанин изјави дека рано утринава напад со дрон врз Москва предизвикал мала штета на неколку згради.

Неколку беспилотни летала (UAVs) на пат кон Москва беа упатени во близина на главниот град на Русија во раните утрински часови , објави гувернерот на московскиот регион Андреј Воробјов на својот канал „Телеграм“, пренесува руската агенција „ТАСС“

„Утрово, жителите на некои области во Московскиот регион можеа да слушнат звуци на експлозии – тоа беше нашата противвоздушна одбрана во операција. Неколку беспилотни летала беа соборени на нивниот курс кон Москва“, рече Воробјов.

Гувернерот побара од жителите на Московскиот регион да ја задржат својата смиреност, додавајќи дека „сите сервисни единици за итни случаи се во функција и ќе следат дополнителни информации“.

Засега руските медиуми не прецизираат од каде полетале беспилотните летала и кој е одговорен за нападот.

Претходно, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, извести дека неколку згради во Москва  имаат помали оштетувања како резултат на напад со дронови.

Евакуирани се жителите на неколку згради. По завршувањето на работата на специјалните служби, тие ќе можат да се вратат во своите станови.